Присила ја објави својата бременост во август. Таа и нејзината мајка биле во автомобилот, а Присила потоа ја известила дека за осум месеци ќе стане мајка

Една жена им возврати на хејтерите откако ги оставија нејзините коментари на социјалните мрежи велејќи дека е многу чудно и неприродно таа и нејзината мајка да бидат бремени во исто време. Присила сподели видео од неа и нејзината мајка на Тик Ток, на кое и двете се во тесни фустани и ги покажуваат трудничките стомаци.

На видеото пишувало: „Ти и мајка ти сте бремени во исто време? Тоа е толку чудно“, мислејќи на непријатните коментари што ги добиваат, а на видеото се гледа како мајката и ќерката пеат и се радуваат. И мајката на Присила изгледа дека била бремена подолго од нејзината ќерка бидејќи нејзиниот стомак е видно поголем.

Во описот на видеото напишале дека оваа ситуација им е одлична, но корисниците кои го погледнале видеото најмногу се сложиле дека тоа е необично. – Ова е толку чудно – напишал еден корисник. – Децата ќе бидат многу збунети – додаде друг.

Сепак, не беа сите на исто мислење, па некои напишаа дека навистина им се допаѓа. „Мајка ми и баба ми беа бремени во исто време и тоа е толку слатко“, гласеше еден коментар, додека друг гласеше: „Забременав десет недели пред мајка ми и мислам дека тоа е преслатко. Нашите деца ќе растат заедно“.

Погледнете го видеото ТУКА

error: Content is protected !!