Ова е добра вест за целиот Балкан! Експертите конечно го најдоа одговорот на прашањето: Колку често треба да се тушираме?




Д-р Ранела Хирш, тврди дека луѓето треба да станат свесни за нивното прекумерно капење. Причината за ова претерување се различните социолошки норми, рече Хирш, кој тврди дека честото туширање и штети на нашата кожа, особено ако се капеме во топла вода.




Џошуа Цајхер и Хирш се согласиле дека честото туширање во топла вода ја суши и иритира нашата кожа, ги отстранува добрите бактерии кои природно постојат на кожата и отвора мали пукнатини на кожата кои не прават посклони на разни инфекции.




Луѓето треба да се капат секој втор или трет ден.




За да се избегнат непријатните мириси и да се продолжи свежината, лекарите советуваат клучните делови од телото, кои се повеќе склони кон развој на бактерии, да се бришат со влажна крпа. Тие вклучуваат: лице, пазуви, дел под градите, гениталиите и задникот.
