Кортина д’Ампецо во Италија е најскапата ски дестинација во Европа.
Кортина д’Ампецо во Италија е официјално најскапиот ски-центар во Европа, каде во просек се трошат 258 евра дневно, додека вечерата чини околу 70 евра .
На второ место е австриската дестинација Обергургл-Хохгургл со просечна дневна потрошувачка од 254 евра, додека трета е швајцарскиот Цермат каде се трошат 250 евра дневно.
Тридневната ски карта за Кортина д’Ампецо е 213 евра за возрасни, 107-149 за деца. Што се однесува до сместувањето, просечната цена на ноќевање во хотел со две ѕвезди е 85 евра, додека за одмор со пет ѕвезди потребни се околу 370 евра.
Почетната цена за такси е 6,40 евра, километар нешто помалку од 2 евра . Оброк во ресторан за двајца чини околу 70 евра, додека, на пример, чизбургер може да се јаде со нозете за 2,70 евра, помфрит за 2,50 евра. Капучино е во просек 1,70, газираните сокови 1,90…
