Четири девојки се обиделе да избегаат од еден ресторан. Тие побараа посебно сметки, па го искористија моментот да побегнат и да не ја плаќаат сметката.

Денес сите ги исмеваат на социјалните мрежи, бидејќи кармата во овој случај многу брзо ја заврши работата.

Имено, една од нив ги заборавила клучевите од автомобилот на масата, поради што биле принудени да се вратат на местото.

Нивниот потег го забележаа и други гости во ресторанот, а снимателот на следното видео и неговиот пријател најмногу уживаа во сцената. Тие искрено се смееја на сè, а еден од нив додаде дека тие се веројатно најглупите „криминалци“ што ги видел некогаш.

Интересен детал го привлече вниманието на корисникот на социјалната мрежа Редит. На една од девојките забележал патики во вредност од дури 600 долари.