Пред да почнете да фрлате дрва и камења врз мене, дозволете да ви објаснам зошто не и помагам на својата сопруга околу домашните работи. Еден ден, ми дојде пријател на гости. Пиевме кафе и ракија, а потоа станав и реков дека морам да ги измијам садовите.

Пријателот ме погледна како да не сум нормален. Со мешавина на воодушевување и збунетост ми рече: “Убаво што и помагаш на својата жена. Јас на својата не и помагам затоа што никогаш нема речено благодарам за се што и имам помогнато. Минатата недела ја исчистив цела куќа, а таа ниту еднаш не ми рече “благодарам”.

Седнав покрај него и го погледнав директно во очи:

“Јас не и помагам на својата сопруга”, му реков сериозно: “На мојата сопруга не и треба помошник, потребен и е партнер. Јас сум нејзиниот партнер и работата во домот ја делиме партнерски. Тоа што јас ја извршувам оваа работа, не значи дека и помагам”.

Не и помагам на сопругата ја исчисти куќата бидејќи и јас живеам во таа куќа, така што морам да ја исчистам. Не и помагам на сопругата кога готвам ручек, бидејќи и јас сум гладен и морам да јадам.

Мажите повеќе немаат обврски да го хранат семејството, но зошто жената се уште мора да глуми домаќинка и готвач? Не и помагам на сопругата да ги измие садовите, бидејќи и јас сум ги користел истите.

Не и помагам на жената околу децата, бидејќи тоа се и мои деца и моја должност е да се грижам за нив, бидејќи јас сум им татко. Патем, што се однесува до благодарност и пофалбите: кога последен пат си и рекол на својата жена “благодарам” што секој ден готви, чисти, пере и се грижи за децата?

Пријателот ме гледаше целосно збунето. Изгледаше како да не сфати ниту еден збор од она што му го кажав.

Мојот совет за мажите е да ги остават мачо глупостите и да бидат рамноправни партнери на своите жени. Не дозволувајте да бидете гостин во сопствената куќа или во животот на своите деца. Земете рамноправно учество: во добро, но и во зло!