Јасмина Каравдиќ од Високо вели дека ужива во својот брак и дека сега сопругот ѝ е потребен повеќе од кога било:
„Се омажив кога имав 16 години. Да, побрзав, но не се покајав, фала му на Бога. Бев во брак 30 и кусур години и човекот ми почина.
Прво со аџијата се забавував кога бев баш млада. Тој сакаше да оди во војска, јас му реков: ’Нема да те чекам, нема ништо од тоа’. Се смеевме на тоа. Јас дете, а тој еве, спремен за војска.
Кога тој замина, се омажив за комшијата. Имав три сина, живеевме убаво, ама тој почина млад – на 53 години.
Јас без него останав 11 години. Двајца синови ми се оженија, еден остана момче.
Тогаш пак ме побара аџијата, кој се беше развел од својата жена во 2007 година. Две години беше разделен. И ние сега 17 години живееме заедно. Не знаев дека животот може да биде вака убав. Сè ми е убаво. Зборуваме со часови. Комшивката ме прашува: ’Што вие тоа постојано зборувате?’ Ама ние ретко користиме телефон, повеќе си зборуваме еден со друг.
Не ги разбирам жените што велат: ’Што ќе ми е сега?’ Како што ќе ти е – сега ми треба повеќе од кога било!
Тешко ми беше да се одлучам, вистина. Ама ете, неговите деца се во странство, моите исто. Еден син ми почина, имам внуци и сите нè посетуваат.
Но живот подобар од овој – не може да ми биде, не може! Ете ти живот.“
