Сопственик на ресторан во Белград ни покажа дека бесплатен ручек навистина постои и дека тоа не е само фантазија. Овој човек со својот хуман гест на луѓето им ја враќа вербата во вистинските вредности.

Имено, на вратата од ресторанот во сопственост на овој исклучително благороден човек стои порака која на многумина ќе им го разубави денот и ќе ја врати вербата дека сè не е изгубено.

„Ако сте гладни и немате пари, секогаш можете да добиете топол оброк овде“. Ќе платиш кога имаш, а и да не платиш никој не заслужува да биде гладен. Да ја вратиме вербата во човештвото“, пишува на вратата од неговиот ресторан.

Објавата на Твитер предизвика низа коментари во форма на пофалби, а позитивни реакции пристигнуваат од сите страни.

„Поклони се до подот“, „Браво“, „Човеку“, „Честитки“, „Браво човече, капа долу“, „Честитки за овој вистински човек кој е реткост кај нас, со среќа и здравје нему и неговите семејство“, се само дел од коментарите на објава кои не ги гледате секој ден.