Јапонскиот метод на цртање веѓи, односно микроблејдинг е тренд кој е присутен одамна и за кој повеќето жени се одлучуваат кога ќе решат да ги потсредат веѓите.

Микроблејдинг е, на некој начин, вид на тетовирање каде веѓите се исцртуваат и преобликуваат со мал скалпел.

Резултатите траат и до две години, се разбира со редовни корекции. Сепак, потребни се вистинските вештини за резултатот да изгледа природно, а не вештачки. Но, потребен е и посебен талент за да ги уништите веѓите толку многу!

Имено, девојката тргнала со цел да добие убаво обликувани веѓи.

И наместо тоа, заврши со вистинска катастрофа.
Погледнете:

Се работи за девојка од Австралија и како што вели сакала само да ги истакне веѓите и малку да ги скрати. Наместо тоа, таа го доби овој хорор на лицето и сега ги предупредува девојките да внимаваат при изборот на салон за убавина за да не поминат како неа.
Секако, таа планира да ги отстрани што е можно поскоро, а тоа ќе може да го направи само со ласерско отстранување на тетоважата или некој друг начин на отстранување. Во секој случај, тоа ќе биде болно и скапо.