Во германските ресторани и хотели моментално недостигаат повеќе од 65.000 работници, според угостителското здружение Дехога. Недостигот од вработени, според анкетите што се прават на месечно ниво, е постојан.

– Федералната агенција за труд пријави 33.160 слободни работни места во угостителството за месец јуни. Сепак, претпоставуваме дека реалната побарувачка е најмалку двојно поголема, бидејќи многу компании повеќе не ги пријавуваат своите слободни работни места – вели Сандра Варден, експерт за пазарот на труд од здружението Дехога, пишува Пословни дневник.

Варден укажа на бројките од јуни 2019 година, кога беа пријавени речиси 40.000 слободни работни места.

– Особено сега во сезоната на годишни одмори и зголемениот интерес за туристичките дестинации, потребата продолжува да расте – рече таа.

Во меѓувреме, гастрономскиот бизнис се справи со ситуацијата најдобро што можеше.

– Има објекти кои поради недостиг на вработени се принудени да го скратат работното време, да затвораат во одредени денови или да ја ограничат понудата во менито – вели тој.

Некои ресторани почнаа да воведуваат самопослужување. Дехога се надева дека ефектите од законот за квалификувана работна сила од странство брзо ќе се почувствуваат и дека странците полесно ќе можат да најдат работа.

Дополнително, здружението повика на кампања за обука за повеќе вештини и повеќе да се вреднуваат практичните професии и вештини.

Просечните плати во угостителството се движат од 2.000 до 3.000 евра.

Во просек, келнерите заработуваат до 3.750 евра, готвачите до 6.500 евра, пекарите до 4.000 евра, а рецепционерите 1.700 евра.

Работниците во угостителството често добиваат бакшиш и бесплатен оброк во текот на работното време, а има и поволности како што се флексибилно работно време и можности за напредување во кариерата.