Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди Неапол и областа Флегрејски полиња во Италија. Како што е соопштено од EMSC, снимен е во 1:25 часот по локално време на длабочина од само три километри.

Куќа се урна и во блискиот град Поцоли, недалеку од епицентарот на земјотресот, а под урнатините е извлечено едно повредено лице.

Напојувањето беше прекинато и во делови од Неапол. Многу вознемирени жители ноќта ја поминаа надвор од своите домови, на улиците и во своите автомобили.

Неапол се наоѓа во Флегрските полиња, вулкански басен што ја прави областа во јужна Италија подложна на земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше проследен со најмалку два послаби последователни потреси.