Еве што велат најновите истражувања – која храна е поздрава замена за јајцата?

Многу сакаат да го започнат денот со јајце , изматено или едноставно варено. Јајцата имаат бројни здравствени придобивки, хранливи се, ве одржуваат сити долго време и се богати со витамини А, Б6, Б12 и селен. Вечната полемика се врти околу ова – дали јајцата се штетни за холестеролот или поволно делуваат на него? СЗО предлага вкупно 300 милиграми холестерол дневно, а едно големо јајце содржи околу 185 милиграми.

Сепак, излегува дека јадењето грст јаткасти плодови за појадок е подобро од јајце. Научна студија објавена во списанието „BMC Medicine“ ги разгледа придобивките од префрлањето од животински на производи од растително потекло и откри дека замената на јајцето со 25 до 28 грама јаткасти плодови може да го намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести за цели 17. проценти.

Иако многу експерти веруваат дека се потребни повеќе докази за да се утврди дали холестеролот кој се наоѓа во јајцата е лош или не за здравјето на срцето, се разбира дека оревите се ефикасни кога станува збор за намалување на холестеролот, што ги прави одлична утринска алтернатива.

Исто така, замената на јајцата со јаткасти плодови или интегрални житарки резултираше со помал ризик од развој на дијабетес тип 2 . Резултатите покажуваат и дека замената на путерот со маслиново масло може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за четири проценти.

Луѓето кои замениле 50 грама преработено месо со иста количина мешунки, како што се леќата, наутот и гравот, имале 23 отсто помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести или смрт од нив. Ризикот им бил за 27 отсто помал доколку јаделе од 28 до 50 грама јаткасти плодови наместо преработено месо.