Снегот и мразот ја зафатија речиси цела држава изминатите денови, а според радарските снимки, за време на викендот се очекува нов бран врнежи. Затоплувањето ќе започне во среда, на 14 јануари, но предупреди дека до тогаш ќе има изразени утрински минусни температури.
„Снегот престана да паѓа на северот и западот од земјата, а престанок на врнежите се очекува и во останатите делови. Поради постепеното разведрување, денес температурите се многу ниски и ќе имаме силен мраз“.
Таа појасни дека утринските температури ќе се движат од –14 до –4 степени Целзиусови.
Кога пристигнува затоплувањето?
Според најавите од УХМР, затоплувањето се очекува околу среда, 14 јануари, кога температурите ќе преминат во позитивни вредности.
„Највисоките дневни температури и понатаму ќе се задржат под нулата, па викендот, како и понеделник и вторник, ќе бидат ледени денови. Од среда, 14 јануари, температурите ќе бидат во плус, што е за речиси 20 степени повисоко од сегашните вредности.
Дури од среда може да сметаме на нешто потопло време. Максималните дневни температури ќе бидат во благ пораст, но тоа сè уште нема да значи топло време, туку температури од неколку степени под нулата“.
