Ако не сте слушнале за овој древен лек, сега е време да дознаете какви се сите здравствени и козметички придобивки што ги има. Затоа искористете ја водата во која сте го свариле оризот.

Повеќе енергија, поздрава кожа и сјајна коса се само некои од придобивките што ќе ви ги даде овој древен кинески рецепт, кој станува се попопуларен во модерните западни цивилизации.

Постигнете здраво тело и убава кожа со само две евтини состојки, а тоа се оризот и водата.

Здравствени придобивки:

  • Обезбедува енергија
  • Успешно спречува гастроентеритис
  • Одлична превенција од рак
  • Го регулира високиот крвен притисок
  • Ја регулира температурата на телото
  • Спречува и третира запек

Козметички придобивки:

  • Миење на лицето со вода во која се готви оризот, ја прави кожата помека
  • Помага во намалување на порите на лицето
  • Ако ја миете кожата со „оризова вода“, косата ќе добие сјај и ќе остане здрава

Подготовка

Иако можеби сте прочитале или сте слушнале дека оризовата вода е онаа во која сте го измиле оризот, тоа навистина не е точно.

И таа вода може да се искористи, но нема да добиете се што можете од неа, бидејќи вистинската оризова вода е подготвена на овој начин: варете го оризот во малку повеќе вода отколку што би правеле само да готвите ориз за ручек.

Вака подготвената вода е вистинска оризова вода. Можете да го пиете топло или да го оставите да се излади и со тоа да го измиете лицето или косата

Извор: net.hr