Сите 29 жени „ги сакал, почитувал и негувал на свој чуден начин“, а ниту една поранешна сопруга не дошла на неговиот погреб. Дури зборувал дека ќе се ожени со принцезата Дијана, а никој не очекувал дека ќе заврши сам.
„Најоженетиот човек на светот“ во текот на своите бројни љубовни авантури задржал позитивен став и смисла за хумор. Секој брак го сметал како страница во неговата необична книга. Зад себе оставил 19 деца, а иронично – последните години ги поминал сам.
Приказната привлече големо внимание на социјалните мрежи. Се оженил 31 пат со 29 жени, а со две од нив се развел па повторно се оженил. Држел светски рекорд за најмногу моногамни бракови.
И покрај осаменоста во последните месеци од животот, не го изгубил чувството за хумор. Се присетувал на необични моменти од свадбите – како кога една невеста носела различни чевли или кога свадбената торта се срушила непосредно пред церемонијата.
Прв брак на 18 години: Често менувал типови на жени
Глен Вулф е роден во 1908 година, а првиот брак го склучил веќе во 1926 година. Најкраткиот брак му траел 19 дена, а најдолгиот 11 години – со Кристин Камачо, неговата 28-ма сопруга.
Неговиот син, Џон Глен Вулф, изјавил дека татко му толку често се женел затоа што бил против „живот во грев“, односно повеќе сакал законски брак отколку вонбрачна заедница.
Глен живеел 89 години и се женел со жени од различни профили – од криминални до зависнички, па и обични жени од село. Некои бракови траеле години, други месеци, а некои само неколку дена. Секогаш тврдеше дека ги сакал и почитувал сите свои сопруги – на свој необичен начин.
Неговиот последен брак бил со Линда Вулф, која го држи рекордот како жена што најмногу пати се омажила – 23 пати. Нивниот брак бил повеќе медиумски потег, а по само една недела таа се вратила во својот роден град, но го задржала неговото презиме.
Се плашел од осаменост: Починал во старечки дом
Ништо не го плашело повеќе од осаменоста. Според некои извори, им велел на вработените во старечкиот дом дека ќе се ожени со Принцезата Дијана. Дури имал и панични напади ноќе кога ќе се разбудел сам.
Во јуни 1997 година, Глен починал и неговата смрт завршила на насловните страници на американските медиуми. Иронично, човекот кој си поставил животна мисија да биде опкружен со жени, го завршил животот сам, без пари во старечки дом.
Иако имал големо семејство – 29 сопруги и 19 деца – само неговиот син сакал да го погреба. Но дури ни тој не можел да го преземе телото поради правни причини. Ниту една поранешна сопруга не се појавила на погребот, што многу кажува за неговите односи со семејството.
