Пратеничката Лидија Тасевска од СДСМ од собраниската говорница се плаши или се срами да каже јавно дека е професорка по македонски јазик, тврди пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кој и го поставува прашањето.

“Колешката Лидија Тасевска од СДСМ се изненади од прашањето ама не ми одговори по кој јазик е професор! Не знам дали се уценети или до толку се сервилни па се срами да спомене Македонски јазик?!”, пишува Лефков користејќи го хаштагот #ПолтрониНаЗаев

Видеото во твитот