Со оваа објава таа ги разнесе сите, додека коментарите на поддршка и ентузијазам продолжија да течат под објавата..
Сликарката и шампионка во паратаеквондо, која се занимава и со стрелаштво, Дејана Бачко , попозната како Девојка со крилја, објави видео на кое ја чешла косата на својата ќерка и толку многу луѓе останаа шокирани.

Дејана и нејзиниот партнер Марко Нежиќ станаа родители пред неколку недели, а Девојчето со крилја секојдневно на Инстаграм објавува како се справува со секојдневните активности и обврски околу бебето, што кај многумина предизвикува восхит и длабоко воодушевување.

Таа сега објави како го чешла своето бебе со стапалото, како што прави се останато со стапалата. Со ова видео таа ги воодушеви сите, додека под објавата продолжија да течат коментари на поддршка и ентузијазам.

Дејана сподели и семејна фотографија од нивната прва прошетка, а насмевката не можеа да ја тргнат од нивните лица.

Да потсетиме, Дејана на крајот на февруари роди девојче на кое и го дадоа името Лара , што на грчки значи победа.