Десетина земји ја ограничуваат употребата на вакцината AstraZeneca против COVID-19, додека други продолжија со вакцинацијата.




Во тек се истрагите по извештаите за ретки, а понекогаш и тешки згрутчувања на крвта, што продолжија да се појавуваат по примањето на оваа вакцина.
Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела, по појавата на смртни случаи во Австрија и Ниорвешка , соопштија дека придобивките од вакцинацијата ги надминува ризиците, но ја следат состојбата во тек, бидејќи се пријавуваат се повеќе случаи на згрутчувања на крвта.




Астра-Зенека, англо-шведската компанија,објави дека нејзината вакцина е 76% ефикасна во спречувањето на симптоматските инфекции со коронавирус по едно американско испитување и дека студиите не укажуваат на поголем ризик од згрутчување на крвта.
Ројтерс објави два списока по азбучен ред: првиот ги покажува земјите и регионите кои продолжиле со употреба на вакцината – некои со ограничувања според возраста, а вторите списоци покажуваат прекин на вакцинацијата што е сеуште во тек.




Вакцината се користи во следните земји:
АВСТРАЛИЈА:
Администрацијата за терапевтски производи денеска соопштила дека не е докажана поврзаност помеѓу вакцината и нарушувањата на крвта, но дека сè уште го истражуваат ова прашање, бидејќи вакцинациите продолжуваат.
БУГАРИЈА:
Продолжи со вакцинација од 19 март.




КИПАР:
Кипар, кој ја прекина вакцинацијата на 15 март, продолжи на 19 март.




КАНАДА:
Направена е пауза во давањето на вакцините на лица на возраст под 55 години и се бара нова анализа на придобивките и ризиците од вакцинацијата врз основа на возраста и полот.
ФРАНЦИЈА:
Медицинскиот регулатор ја одобри продолжената употреба на вакцината АстраЗенека на 19 март, но велат дека треба да се дава само на лица на возраст од 55 години и постари.




ФИНСКА:
Продолжи со употребата на вакцината AstraZeneca од 29 март, но ќе им се дава само на лица на возраст од 65 години и повеќе.
ГРУЗИЈА:
Ја ограничи употребата на вакцината откако медицинска сестра починала од анафилактичен шок, а вакцинациите ќе продолжат само во државни медицински центри, објави новинската агенција ТАСС на 19 март.




ГЕРМАНИЈА:
Од 31 март, Германија ќе ја ограничи употребата на вакцината кај луѓе над 60 години и групи со висок приоритет, по понатамошните извештаи за ретко нарушување на крвта во мозокот.
ИСЛАНД:
Продолжи со употребата на 25 март, откако ја прекина употребата на 11 март, во очекување на истраги за извештаи дека може да биде поврзано со згрутчување на крвта.




ИНДОНЕЗИЈА:
Продолжи со употреба на вакцината на 22 март, но предупреди на употребата на вакцината кај луѓе со низок број на тромбоцити во крвта.
ИРСКА:
Планира да продолжи со примената на вакцините за сите оние на возраст од 18 години и повеќе во „наредните денови“, соопшти комитетот на 19 март, откако ја прекина вакцинацијата на 14 март.
ИТАЛИЈА:
Продолжи со употребата на вакцината на 19 март, а на Италијанците кои ќе одбијат да бидат вакцинирани со неа, подоцна ќе им биде дадена алтернатива.




ЛАТВИЈА:
Исто така, соопшти дека ќе се започне со вакцинација на 19 март.
ЛИТВАНИЈА:
Рестартирана е вакцинацијата на 19 март, моментално само за лица над 65 години.
ХОЛАНДИЈА:
Министерот за здравство на 18 март рече дека земјата ќе продолжи со употреба на вакцината таа недела.




МАКЕДОНИЈА:
Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека вакцинацијата со „АстраЗенека“ ќе биде ограничена на лица над 60 години како мерка на претпазливост.
ЈУЖНА КОРЕЈА:
Претседателот Мун Јае-ин ја прими вакцината на 23 март пред патување во странство, бидејќи земјата вакцинира стари лица и здравствени работници.




ШПАНИЈА:
Шпанија вчера соопшти дека ќе ја користи вакцината за луѓе на возраст од 55-65 години, а денеска соопштија дека ќе ја прошират вакцинацијата на ризичните работници над 65 години.
ШВЕДСКА:
Продолжи со употребата на вакцината на 25 март за лица на возраст од 65 години и постари, соопшти нивната здравствена агенција, но ограничувања има за Швеѓаните под 65 години.
ТАЈЛАНД:
Почна да се користи на 15 март, со премиерот Прајут Чан-оча кој стана првиот вакциниран, откако Тајланд го одложи вакцинирањето претходната недела.




Земји каде што е прекината употребата на вакцината „АстраЗенека“:
АВСТРИЈА:
Прекината е употребата на една серија вакцини на 7 март по смртта на едно лице и болест на друго.




КАМЕРУН:
Прекината пратката на вакцината , што требало да ја прими на 20 март како дел од глобалната шема за споделување вакцини COVAX, соопшти Министерството за здравство.
ДАНСКА:
Ќе го продолжи прекинот на вакцинацијата за уште три недели во очекување на понатамошни истраги откако заврши двонеделната пауза на 25 март. Локалното истражување покажало дека секој трети Данец ќе одбие да ја добие вакцината.




НОРВЕШКА:
Норвешка ќе ја одложи одлуката за употреба на вакцината, соопштија властите на 26 март, а одлуката се очекува до 15 април.




РОМАНИЈА:
Привремено престанала да вакцинира луѓе со една серија вакцини на 11 март.
Извор : Ројтерс