Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 21 повторно изрази разочараност од изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека масовното упатување на македонски граѓани на вакцинација во Србија е срам за Македонија.




-Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно.




-Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји – рече Филипче.




Северна Македонија ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „АстраЗенека“, соопшти синоќа министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.




„По двата извештаја на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со „АстраЗенека“ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на граѓани на возраст над 77 години“, рече Филипче.




Тој додаде дека дополнително ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА) за став во врска со вакцината на „АстраЗенека“ по одлуките на Канада и на Германија.




„Буквално секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Националната стратегија е правена за да се категоризираат ризичните групи. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори“, додаде Филипче.
