Во денешно време сè повеќе бракови завршуваат со развод, а стручњаците тврдат дека тоа често се случува уште пред втората година од заедничкиот живот. Една 36-годишна жена откри дека зад себе има веќе три брака и дека се подготвува за четврта свадба.

Сара на TikTok ја сподели својата приказна и откри дека имала три развода, но дека не се откажува од љубовта со среќен крај. Таа денес планира и четврти пат да стапи во брак. Верува дека токму овој ќе потрае бидејќи, како што вели, „овојпат е навистина заљубена“.

Првиот пат се омажила на 18 години за војник кој живеел во Кореја. Бидејќи имала строги родители, бракот ѝ бил начин да стекне слобода и да се пресели со него. Но, по една година сè се распаднало затоа што сопругот престанал да се грижи за личната хигиена.
„Сфатив дека сум премлада за вакво нешто и заминав“, се присетува таа.

По враќањето во Америка, во ресторанот каде што работела запознала готвач со кој започнала врска. Но романската приказна брзо се претворила во проблем затоа што новиот партнер станал насилен. Тогаш побегнала во прегратките на друг маж со кој се венчала.
„Бев во мрачно расположение и носев лоши одлуки. Се чувствував сигурно покрај него, па се омажив“, вели Сара, додавајќи дека бракот траел само неколку месеци.

На 24 години го запознала третиот сопруг кој ѝ нудел финансиска сигурност. Сепак, и таа љубов завршила поради неговата љубомора. По третиот развод се заколнала дека никогаш повеќе нема да се омажи. Но, пред две години на една свадба го запознала Кевин.

„Со него сум во среќна и сигурна врска. Сите ме осудуваат, но овојпат сум навистина заљубена“, тврди таа.

Парот планира свадба во 2026 година, а Сара додава: „Се надевам дека овојпат ќе успее и дека нема повторно да влегувам во ист круг.“