Драган Даничиќ и неговата шестгодишна ќерка Милица денеска се пронајдени по речиси 24 часа активна потрага. Полицијата ги пронашла таткото и ќерката во околината на Деспотовац, каде според неофицијални информации се изгубиле и останале без сигнал.




Таткото и ќерката оделе во манастирот во Злот, но навигацијата наводно ги одвела во спротивен правец, па биле принудени да преноќат во џип. По спасувачката акција, Драган се огласи на социјалните мрежи со порака на благодарност.




„Луѓе, добро сме, ви благодариме на сите за грижата и трудот. Спиевме во автомобилот заглавен во снегот“, напиша накратко Драган на својот профил на социјалните мрежи.




Драган за Блиц изјави дека цела ноќ го држеле автомобилот вклучен за да не смрзнат и дека неговата ќерка е добро.




Да потсетиме, тој вчера ја возел ќерката кај нејзината мајка во Зајечар, но по пат им се губи секаква трага, а мајката на девојчето пријавила дека е исчезната.




„Тој тргна да ја донесе ќерка ми во Заечар. Требаше да пристигнат пред вечерта, но не одговорија. Тој е недостапен. Не знам што се случи. Ниту нешто повеќе. Ги молам сите што можат да помогнат да се најдат што поскоро“, апелираше мајката до јавноста, а наскоро следеше среќниот епилог од потрагата.

