Поранешната манекенка Јелена бин Драи се породи денес и роди син кого го нарекоа Рашид
Раѓањето помина добро. Мама и бебе се чувствуваат одлично – рекол изворот.




Да потсетиме, Јелена со години живее во Дубаи, каде што е во брак со шеикот Саид, со кого има три деца – ќерката Асја и синовите Хилал и Хамдан.




Патем, во 2003 година, Јелена се сретна со арапскиот бизнисмен Саид Бин Драи, чие богатство се проценува на две милијарди долари. Тие се венчаа во Дубаи во 2008 година, а на свадбата присуствуваа околу 300 гости.




Во 2010 година, Јелена и Саид ја добија ќерката Асја, во 2011 година синот Хилал и во 2013 година синот Хамдан, а Јелена сега е повторно бремена и штотуку пристигна најновиот член на семејството, пренесува Блиц.
