Светлината што ја пуштате во вашиот дом преку ден може да уништи бактерии и да помогне да се намалат респираторните тешкотии.




Истражувањето, спроведено на Универзитетот во Орегон од тим предводен од Др. Ашкаан Фахимипур покажа дека постои поврзаност помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прашината.




Истражувачите ги изложиле трите простории на различни услови. Едната соба беше темна, другата беше изложена на сончева светлина, а третата на ултравиолетови зраци.




По 90 дена, темната просторија беше најпогодна за живот и развој на бактерии и имаше 12 проценти, додека во простории изложени на сонце и УВ зраци, бактеријата беше застапена 6,8 и 6,1 проценти.




Бактериите од темната просторија повеќе биле поврзани со респираторни проблеми отколку бактерии од другите две простории, пренесува „ Нови “.
