Тоа е таа фејсбук слава која поминува додека трепнеш.
Никој веќе не мисли не Стојко.

Заборавивте кога Стојко се крена на Заев.

Толку беше. Го нема Стојко. Стојко е минато свршено. Паднат борец на кој никој веќе не се сеќава.

Сега лажичето за причестување ги бранува нашите рушевини од живот.

А баш беше романтично кога сите бевме Стојко. Кога бевме вљубени во Стојко. Кога секој од нас беше Стојко. Останаа уште многу ненапишани песни за Стојко. Додека го имавме Стојко, имаше и надеж за нас.