Додека е во ек славјето за триумфот на демократијата во побугарчената СДС Петрич и додека Лиде Лиде одбројува ситно до кафето со Филипче, пошо он се направи за нас да останеме здрави и вакцинирани, такашто уште кафето со Лиде Лиде му остана неиспиено, срамежливо да прашам: Вакцините до кај се?

Оти еве и март си оди полека, па да видиме кој е следниот датум.

Барабар со Косово сме за купени вакцини. Мртва трка. Они нула и ние нула. Секој ден над 20 умрени од ковид кои вие со пола уста ги кажувате.

До крајот на април ќе има 4000 умрени.
Попис секако може да правите… Ама ако попишувате врапчиња.