Снимката на Шенел Јилмаз (41) од Синоп, на која на завеан пат брка крдо диви свињи, излегува од автомобилот и со раце фаќа едно прасе, стана вистински хит на социјалните мрежи. Сепак, главниот актер предупредува дека неговиот потег не бил храброст, туку моментален рефлекс што можел да биде кобен.

Јилмаз објасни дека сè се случило додека се враќал од село. Кога го здогледал крдото во длабок снег, решил да „ја испроба среќата“.

„И претходно сум ги фаќал, но тогаш немав камера. Овој пат сакав да остане забележано како спомен. Фатив едно прасе, го кренав, а потоа го пуштив. Немав намера да го повредам – да сакав, немаше да го пуштам“, изјави Јилмаз.

Борба во метар и пол снег

Сцената била дополнително отежната поради екстремните временски услови. Јилмаз вели дека снегот бил подлабок од еден метар.

„Кога го зедов во раце, двајцата потонавме. Морав да го ставам прасето пред мене за воопшто да се извлечам од наносите. Дури подоцна, гледајќи ја снимката, забележав дека цело време имав цигара во устата“, раскажа тој со смеа.

Тој упати и сериозно предупредување:

„Можат да ве раскомадаат.“

Иако видеото делува симпатично, Шенел нагласува дека станува збор за исклучително опасна ситуација.

„Никому не му препорачувам да го проба ова. Го држев за врат и внимавав главата да не се сврти кон мене. Овие клјаци и заби можат да го исечат и раскомадаат човек. Големите диви свињи се смртоносни – ова беше чиста среќа и рефлекс“, заклучи тој.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!