Колку ли души ќе беа исцелени само ако слободно ги исповедаа своите падови, сомнежи и своите разочарувања во животот, семејството, Црквата, па дури и во Бога.

Но, не се криви луѓето, криви сме ние христијаните. Наместо да „плачеме со оние што плачат“, како што нѐ поучи и ни покажа Сам Христос, ние брбориме и паметуваме, и тоа на сметка на туѓите рани и повреди, па после се чудиме зошто луѓе не се отварале за помош…

И тогаш, кога ќе се случи најлошото, тогаш нам ни текнува да зборуваме, па дури и додатно да осудуваме за депресијата, за темните мисли, за анксиозноста, за самоубиството… Наместо да плачеме затоа што не сме биле тука за душата која страдала, во нашата само-праведност ние наоѓаме за сходно да го осудуваме овој или оној грев на човекот! Лицемерие пар екселанс!

Господ нека ни биде милостив, зашто ако не се научиме да даваме милост, нема ни да видиме милост за нас самите.