Додека трае часот некои од нив прават скара,други играат игри и трети го довршуваат својот оброк.

Од МОН пак велат дека 98 проценти од учениците до трето одделение следат настава со физичко присуство и дека 80 отсто од основците и средношколците успешно се приклучиле на предавањата од далечина.

Останатите, ученици и наставници во основно и во средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн-наставата, а како најчеста причина ги посочуваат лошата интернет-конекција или немањето уреди.

Оттаму информираат и дека над 98% од учениците од 1. до 3. Одделение следат настава со физичко присуство во училиштата, а помалку од 2 проценти учат од далечина.

За учениците што немаат уреди за онлајн-учење, а сепак треба да учат на далечина успешно се емитуваат 15-минутни часови на преку националната радио-телевизија.