Мал број на луѓе имааt слушнато за Ирена Сендлер (Irena Krzyżanowska Sendlerowa) сè до 2007-та година кога беше номинирана за Нобеловa награда за мир.

Ирена е родена во Варшава во 1910-та година. Нејзиниот татко ја научил на многу лекции, а најважната лекција на која ја научил била да помага на оние на кои им треба помош. Таа имала само 7 години кога тој починал, но и покрај тоа, имал големо влијание на нејзиниот живот.

Во подминати години таа станала медицинска сестра и имала за задача да им помага на семејствата кои се без храна и облека.

Тоа се годините кога антисемитизмот се ширел низ Европа, но таа не се откажувала од својата мисија да помага, како на останатите така и на еврејските семејства.

Кога Полска била окупирана од Нацистичка Германија во 1939-та година сите евреи биле испратени во варшавското гето.

Ирена, не задоволна од животот кој и поминувал пред очи, решила да се вклучи во организација за помош на Евреите, а како ситуацијата се влошувала од ден на ден, таа била сè повеќе свесна, дека ќе мора да преземе радикални мерки.

Заедно со уште неколку други луѓе, Ирена почнала да им помага на еврејските деца да избегаат од гетото од каде потоа биле праќани во прифатилишта или посвојувани. Но, работата не одела лесно. Голем број на мајки не биле расположени да ги дадат своите деца на непознати лица.

А, никој воопшто не бил свесен дека ситуацијата уште повеќе ќе се влоши и Евреите ќе бидат испратени во концентрациони логори.

Затоа што Германците го држеле гетото под стриктна контрола и обезбедување, Ирена морала да користи разни трикови за да ги спаси децата.

Многу често ги криела во амбулантните возила кои пренесувале тешко болни пациенти, но обезбедувањето станувало сè посериозно, па морала да почне да ги крие и во вреќи, канти за отпадоци, па дури и ковчези.

Ирена успеала да спаси 2.500 деца од сигурна смрт, а информациите за тоа каде се кријат децата, ги чувала сокриени во конзерва во градината на нејзини соседи.

Нејзините методи функционирале совршено сè додека Германците не сфатиле што се случува. Тогаш Ирена била затворена и измачувана. И покрај болката и понижувањето, таа никогаш не ги издала информациите за тоа каде се кријат децата.

На крајот, Нацистите се откажале и ја осудиле на смрт. Но, судбината имала други планови за неа. Некој успеал да подмити војник стражар за таа да избега. Од тој момент, па сè до нејзината смрт, таа живеела под лажно име и никогаш не престанала да помага на другите.

По војната, Ирена ја откопала конзервата и ги предала информациите на владиниот комитет за да ги лоцираат Евреите кои преживеале. Ирена потоа стапила во брак и имала 3 деца.

Што се однесува до нејзината волја да помогне на другите, таа еднаш изјавила: „Порасната сум да верувам дека мораме да помогнеме на другите по секоја цена, без разлика на тоа каква е нивната националност или религија.“

Во 2007-та година, Ирена била номинирана за Нобелова награда, а година дена подоцна, кога наполнила 98 години, таа починала.

Таа засекогаш ќе остане запаметена како дамата со златно срце која на целиот свет му докажа дека секој може да биде храбар и да се држи до своите вредности, без разлика на тоа колку се тешки времињата.