Ќерката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, успешно гради кариера како пејачка. Сепак, таа сега откри со која друга работа ќе се занимава.




Анастасија неодамна откри дека подготвува нешто ново и додека сите очекуваа ново видео, таа ја објави својата фотографија каде е целата во бело.




Иако се чини како младата пејачка да е на проба за венчаници, сепак станува збор за нешто друго. Ражнатовиќ откри дека основала своја куќа за козметика и дека отсега ќе произведува препарати за нега на кожа, лице и тело.
