Артритисот е заболување на сврзното ткиво кое најчесто се развива со возраста, но се повеќе млади луѓе, поради стресниот живот, страдаат од болни проблеми со зглобовите.

Чувството на отечени прсти и вкочанетост на рацете наутро или „прескокнување“ на коленото и рамениот зглоб се првите знаци дека сте кандидат за оваа болест, а еве како можете да ги минимизирате овие ситуации и природно да го зачувате вашето здравје.

Цреши
Со своите ензими, ова слатко-кисело овошје ја намалува болката, а неговата интензивна бордо боја доаѓа од антиоксидансите кои се познати по своите лековити својства.

Само 10 до 20 цреши дневно или пиењето природен сок од цреши ќе ве натера да се разбудите наутро без болки во зглобовите. Ако сте љбители на слатки, тогаш комбинирајте убаво и корисно, потоа направете торта со цреши и конзумирајте ја за ужина наместо лекови против болки.