Бројката е далеку над просекот за август во периодот од 2012 до 2024 година, кој изнесува 30,1 проценти.
Европа и медитеранските земји во август беа зафатени од рекордна суша, која опфати повеќе од половина од почвата, според анализата на АФП врз основа на податоците на Европската унија.
Минатиот месец, 53 проценти од регионот беа погодени од суша, што претставува рекорд од почетокот на мерењата во 2012 година, според програмата на ЕУ „Коперникус“ за климатски промени.
Бројката е далеку над просекот за август во периодот од 2012 до 2024 година, кој изнесува 30,1 проценти.
Источна Европа и Балканот се тешко погодени. Илјадници жители беа евакуирани, а две лица загинаа поради шумски пожари во балканските земји предизвикани од високите температури.
Ситуацијата беше тешка и во западна Европа, при што Португалија забележа намалување на врнежите на 70 проценти од територијата.
Франција, која во август беше погодена од вториот топлотен бран ова лето, се соочи со недостиг на вода во две третини од земјата.
Особено тешка состојба ја снајде група држави во источниот Медитеран, каде повеќе од 90 проценти од Ерменија, Грузија и Либан беа зафатени од суша.
Турција, која имаше недостиг од вода во 84 проценти од земјата, исто така се соочи со бројни пожари.
„Коперникус“, кој податоците ги собира врз основа на милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици, забележа постојан пораст на температурите додека планетата се загрева поради емисијата на стакленички гасови, за кои е одговорно човештвото.