Фреди Хернандез, познат по прекарот Таварис веќе неколку години купува, продава, сервисира и тестира автомобили. Тој има и свој Јутуб канал на кој ги споделува процесите од ремонтот на автомобилите, резултатот како и неговото мислење за одредена марка автомобил.




Во една од неговите епизоди тој се замери, речиси со цела Југославија. Во видеото објавено во месец март тој вели дека го купил најлошиот автомобил некогаш направен мислејќи на автомобилот Југо произведено во 1986 година.
-Ова не е било кое Југо, туку најпознатото Југо кое се наоѓаше на многу видеа на Јутуб во последниве неколку години и има преку милион прегледи. Колата е расипана и не работи. Знам дека веројатно сте прочитале натписи дека овој автомобил воошто не е толку лош но кога пристигна во САД беше дно, вели тој.




Па затоа тој оддржал и мал час по историја на овој автомобил, нагласувајќи дека овој автомобил е пример за тоа колку еден автомобил може да е лош.
-Тајмс го стави на листата на 50 најлоши автомобили на сите времиња. Неговата репутација во 80тите била толку лоша што имало цел жанр на шеги поврзани со овој автомобил, вели тој.




Впрочем, тој и нарачал заменски делови за Југото и повикал пријател се со цел да се обидат да го сервисираат.
Двајцата напрвиле список на работите кои треба да се сервисираат – како што се кваките на вратите, каблите кои висат и рѓосани делови но и укажале на оригиналнитте делови кои се уште се во добра состојба.




А откако го утврдиле проблемот се фатиле за работа.
Очекувано, голем број на негови следбеници кои потекнуваат од поранешните југословенски простории решиле да го споделат нивното мислење за овој бренд автомобил.




-Ти можеш да збориш што сакаш, но Југото беше лимузина на Југославија. Ти дечко немаш појма што е добра кола, се само дел од коментарите.
