Ова Апасиев го презентираше на своето вечерашно гостување на Канал 5 ТВ.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев чија партија за првпат со два претставника ќе учествува во работата на новиот парламентарен сотав на Македонија смета дека постојат повеќе комбинаторики како да се направи парламанетарно мнозинство, а потоа и да се формирање новата влада. Според него сепак според изборни резултати од три варијанти остварливи.

Првата е коалиција на СДСМ и ДУИ.Барањето за Албанец премиер, според него е блеф на ДУИ, а во замена би го добиле МВР.

Втората варијанта е коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со сите други албански партии без ДУИ.

И третата за која вели дека нема државнички капацитет кај двајцата лидери, Мицкоски и Заев, е т.н. „скопска платформа како пандан на тиранската“.

Левица, хипотетички, од овие три сценарија, би дала поддршка на втората, но поради кражбата на гласови, за што обвинуваат, нивен врвен приорит и прашање за кое би разговарале е промена на изборниот модел во една изборна единица.

-Имено, мислам дека доколку продолжат експанзионистичките барања после секои избори на албанскиот политички кампус треба да се воспостави македонска или скопска, како сакате да ја наречете, платформа која што во четири точки, ќе каже ова се црвените линии за да нема стрес кај македонскиот народ после секои избори дали ќе ни се федерализира државата, дали ќе се кантонизира. Показна, така јас ја нарекувам – показна една година до локалните па заедно со локалните да има предвремени парламентарни избори каде што ќе се докаже дека во нашиот систем кога е државата во прашање двете најголеми македонски партии можат да коалицираат со цел да не дозволат федерализација на државата. Но, во тој случај, ниту Заев, ниту Мицкоски ќе бидат премиери, веројатно ќе најдат некој побезболен лик којшто би бил премиер една година, кажа лидерот на Левица во свото телевизиско гостување.