Граѓанин од источна Македонија чиј што идентитет е познат на авторот на овој текст во телефонски разговор изнесува свое сведоштво за тоа на кој начин бил поткупен и измамен од страна на познат истакнат активист на СДСМ за да гласа за оваа партија на Предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули, објавува Брегалнички.

Според изворот на информации со кого остваривме неколку телефонски контакти, покрај тоа што требало тој и неговото семејство да гласаат за СДСМ, требало да обезбеди дополнителен број гласови (колку што може повеќе), за од страна на активистот од СДСМ му се обезбеди влијание и помош за синот на нашиот соговорник за да положи “градска вожња” за автошкола.

Притоа комуникацијата за ваквата “зделка” со гласови кои требало да легнат на контото на СДСМ, одела преку зетот и ќерката на нашиот извор на информациите кои што се наоѓаат во Италија. Возачката дозвола била потребна на синот на нашиот соговорник чиј што глас се слуша на оваа снимка, за да синот замине на работа во странство како возач.

Притоа измамениот граѓанин соопштува дека бил задолжен од страна на активистот на СДСМ да го слика гласачкото ливче како доказ дека гласал за оваа партија.

Според кажувањето на нашиот извор откако неговиот син паднал на практичниот дел од полагањето на градско возење со автошколата што се случили на 21 овој месец, нашиот извор на информациите решил да проговори во јавност и да ја раскаже својата приказна на кој начин бил измамен тој, неговото семејство и уште 10-тина други граѓани кои ги обезбедил за да гласаат за СДСМ.

Во продолжение со одобрение на изворот на информациите а заради повисок јавен интерес го пренесуваме аудио сведоштвото на овој измамен граѓанин, кој заради егзистенцијални причини на својот син пристапил кон вакви постапки, за на крај да биде измамен од страна на активистот на СДСМ.