Кога некој од семејството оди на работа во странство, многумина очекуваат дека животот ќе стане полесен и побезгрижен за сите. Меѓутоа, реалноста често е поинаква.
На социјалната мрежа Х една жена сподели приказна за нејзината сосетка Анѓа, жена чиј сопруг работел во Германија додека таа ги одгледувала своите деца во Србија. Децата пораснале и тргнале по својот пат, а сопругот започнал нов живот со друга жена. Анѓа остана сама, заборавена и на крај само соседите ја испратија во вечното почивање.
„Тетка Анѓа ми беше сосетка од детството. Нејзиниот сопруг Миле работеше во Германија, а таа се грижеше за децата дома – Соња и Љубомир, моите врсници. Живееа во убава куќа, а Анѓа секогаш зборуваше како уште поубаво ќе ја украси кога Миле ќе дојде на одмор.
Соња рано се омажи и отиде во Белгија – никогаш повеќе не ја видовме. По завршувањето на средното училиште, Љуба заминал во Германија да живее кај својот татко, кој дотогаш веќе имал уште едно семејство, сопруга Унгарка и две деца. Ниту тој никогаш не се врати…“, се вели во објавата.
Се наведува и дека Анѓа никогаш не работела, дека семејството првично и праќало пари, но со текот на времето престанале. Се издржувала со издавање на првиот кат од куќа во Врање за 150 евра.
„Погребот и беше денес. Ја испратија само соседите, четворица.
„Никогаш не оставај ме синко, подобро убиј ме“, низ солзи ми рече мајка ми додека ми раскажуваше како ја закопале Анѓа“, заклучува авторот на приказната.
