Сега повеќе нема да има бучава

Една старица од Киев се пожали дека секој ден и пречи гласната музика во бучавата на младите луѓе што се собирале на клупа близу нејзиниот прозорец.

Бидејќи ништо не се смени по неколкуте нејзини апели и алармирање на полицијата, таа реши да земе рачна пила и да ги исече штиците на клупата за да не може никој повеќе да седи и да прави бучава.

Фотографиите на старицата во „акција“ најпрво се појавија на киевскиот канал Телеграм, а подоцна се раширија на социјалните мрежи со смешни коментари.

Освен исмејување и шеги на сметка на неа, имаше и такви кои целосно ја разбираа.
Кое е Вашето размислување пишете ни во коментар?