На урнебесен начин бабата ја тргнала елката и украсите




Оваа баба собра повеќе од милион следбеници на апликацијата за споделување видеа TikTok благодарение на нејзините рецепти и видеа од животниот стил.




Во едно од нејзините неодамнешни видеа, Нана Беа сподели едноставен трик кој го користи за да ги спакува своите новогодишни украси. Таа рече: „Сите знаеме што прави Бабата со своето дрво секоја година“.




Заедно со тоа, држеше нешто што личеше на огромен чаршаф. Таа објасни: „Не се плеткам со толку украси, никако“.
потоа ја фрли постелнината врз украсите на дрвото и сето тоа го стави во складиште за следната година. „И таа оди во првата достапна соба“, додаде таа. Сè што треба да направи следната година е да го тргне постелнината(чаршавот).




Урнебесното видео брзо стана хит со преку 340 илјади прегледи и преку 16 илјади лајкови.

