удбината на овие знаци, според зборовите на бугарската пророчица Баба Ванѓа, зависи од верноста кон универзалните закони на добрината, почитувањето и духовната чистота. Дури и кога ќе се најдат пред пречки, невидлива сила ги турка напред, ги решава нивните проблеми и им отвора врати кои за другите остануваат затворени.

БИК

Биковите се познати по својата истрајност и стабилност – цврсто стојат на земја и упорно чекорат кон целите што си ги поставиле. За нив семејството е на прво место, а најголема среќа им носи чувството дека на најблиските им обезбедиле сигурност и благосостојба. Сепак, нивната тврдоглавост и тешкотијата да прават компромиси може да им создадат проблеми, и покрај тоа што среќата често им е наклонета.

ЛАВ

Лавот, под власта на Сонцето, често се смета за миленик на судбината. Ретко кој Лав го промашува својот животен пат – речиси секогаш наоѓаат начин да успеат. Но, Баба Ванѓа предупредува дека нивната суета и верувањето дека се центар на светот може да им донесат раздор во односите со најблиските. Советот е јасен: останете скромни, бидејќи падот од височини знае да биде тежок.

ШКОРПИЈА

На прв поглед Шкорпиите делуваат студено и резервирано, често со подготвеност да возвратат дури и на најмала неправда. Но зад таа маска тие се чувствителни и ранливи, иако тоа го кријат сметајќи го за слабост. Нивната вистинска сила е во решителноста – кога ќе одлучат нешто, речиси никогаш не се откажуваат. Токму таа цврстина ги води кон успеси и исполнување на целите.

РИБИ

Рибите се нежни, сонувачки и полни со сочувство. Лесно наоѓаат поддршка и помош од луѓето околу себе, а нивната посебна дарба е што желбите им се остваруваат кога искрено ќе посакаат. Сепак, нивната понекогашна несериозност и склоност кон расеаност може да им донесе привремени загуби или кризи. Но судбината секогаш им остава отворен излез.