Септември носи клучни пресвртници, неочекувани настани и можности за ненадејни животни промени.
Месецот нуди прилика за духовно богатство, внатрешна рамнотежа и решавање на недоразбирања.
Ромскиот хороскоп за септември дава увид во важни пресврти, неочекувани случувања и судбински моменти кои можат да изненадат – било позитивно, било како предизвик. За некои ова ќе биде месец на ненадејни откритија, за други време кога едно познанство ќе го промени животниот правец, додека трети ќе ја најдат силата да затворат стари врати и да отворат нови.
Во продолжение откријте што може да очекува секој знак во септември според ромскиот хороскоп – од прилики за дополнителен приход до емоционални пресврти и внатрешни откритија.
Путир (21 јануари – 19 февруари)
Овој месец носи длабока мудрост. Помеѓу 8. и 12. септември обрнете посебно внимание на деталите – една случајна реченица од странец може да отвори нови видици. По 25. септември избегнувајте пребрзани одлуки.
Штит (20 февруари – 20 март)
Септември открива скриени можности кои долго време биле во сенка. Во првиот дел од месецот ненадејно ќе се сетите или ќе откриете заборавен талент, што ќе отвори врата кон нови патишта. Околу 10. септември обрнете внимание на соништата – можат да донесат важни пораки за иднината. По 15. септември верувајте им на ненадејните увиди, тие ќе ви помогнат да најдете неконвенционални решенија на проблемите.
Бодеж (21 март – 20 април)
Септември ќе ја изостри вашата способност јасно да ја согледате суштината на нештата. Меѓу 8. и 12. септември ќе бидете на тест на проницливост – некој може да се обиде да скрие важни информации. Бидете трпеливи, вистината ќе излезе на виделина до 15. септември. Околу 20. септември ве очекува ненадеен пресврт на работа кој носи поволни промени. По 25. септември вашиот дар за неконвенционални решенија доаѓа до израз – искористете го за да завршите проекти кои одамна чекаат крај.
Венец (21 април – 20 мај)
Во деновите на рамноденицата (22 – 24 септември) ве очекува креативно признание или повик на важна соработка. Меѓу 8. и 12. септември бидете внимателни во комуникацијата – преголема емотивност може да ја наруши хармонијата. Духовното богатство ќе стане јасно меѓу 16. и 19. септември – слушајте го внатрешниот глас, тој ќе ви го покаже вистинскиот пат.
Свeќник (21 мај – 20 јуни)
Помeѓу 10. и 15. септември ве очекуваат ненадејни увиди – обрнете внимание на соништата и случајните реченици во разговори со непознати. Од 18. до 20. септември чувајте ја емоционалната рамнотежа, бидејќи преголемата чувствителност може да ја замагли јасноста. Креативната енергија се враќа меѓу 22. и 25. септември – инспирацијата ќе ја најдете во променливата есенска природа. Важни одлуки најдобро е да носите по 27. септември.
Тркало (21 јуни – 21 јули)
Септември носи промени и неочекувани пресврти на судбината. Во првата недела бидете подготвени за важна средба – едно случајно познанство може да прерасне во ветувачка соработка. Меѓу 10. и 14. септември чувајте го мирот и не подлегнувајте на провокации. По 20. септември се отвораат нови можности за учење или патувања – следете го повикот на срцето.
Ѕвезда (22 јули – 22 август)
Меѓу 8. и 12. септември ве очекува ненадеен креативен пробив – ќе оживее одамна заборавена идеја. Духовното богатство доаѓа по 22. септември преку способноста да ја препознаете убавината во малите нешта, што отвора нови хоризонти.
Ѕвоно (23 август – 22 септември)
Септември носи хармонија и јасност. Меѓу 10. и 15. септември ве очекува важен разговор кој ќе разреши долгогодишен недоразбор. Околу 20. септември послушајте ја тишината – во неа се крие одговорот на едно старо прашање. Внатрешниот мир доаѓа по 23. септември – време е за креативност или медитација.
Паричка (23 септември – 22 октомври)
Септември ве учи да ја цените едноставноста и вечноста. Во првите денови од месецот обрнете внимание на старите семејни обичаи – во нив се кријат одговори на современите прашања. Околу 12. септември ве очекува ненадеен подарок или писмо од минатото. По 20. септември вашата способност да ја препознаете вистинската вредност на нештата ќе ви помогне да донесете важни одлуки.
Долг бодеж (23 октомври – 21 ноември)
Септември го изострува погледот и носи важни увиди. Меѓу 8. и 12. септември ве очекува ненадејно откритие – ќе можете да ги согледате скриените мотиви на луѓето и ситуациите. По 22. септември ќе се истакне вашиот дар за наоѓање излез од најзагонетните околности – верувајте ѝ на интуицијата која нуди неконвенционални решенија.
Секира (22 ноември – 21 декември)
Септември ја открива внатрешната сила преку благост. Околу 18. септември покажете скромност – понекогаш е подобро да се повлечете за да ја сочувате енергијата за поважните моменти. По 23. септември се открива дарот да ја препознавате убавината во едноставните нешта – тоа носи душевен мир и нови креативни идеи.
Потковица (22 декември – 20 јануари)
Септември носи длабоко исцелување на старите рани. Во првиот дел од месецот очекувајте ненадејно простување – било вие некому да простите или вам да ви биде простено. Околу 12. септември обрнете внимание на спомени од детството – тие носат важни насоки за решавање проблеми во возрасниот живот. По 20. септември ќе дојде до израз вашиот дар за создавање удобност и хармонија – дури и малите промени во домот ќе донесат голема радост.
