Немате многу време, а сакате да имате прекрасни велигденски јајца? Ви предлагаме да ја испробате техниката на боење со фломастери и салфетка, која е готова за само 3 минути.

Се ближи Велики петок кога повеќето домаќинки ги бојат велигденските јајца. Имате уште малку време да одлучите која техника ќе ја користите, а тоа не е лесно со оглед на тоа што постојат многу начини да ги обоите и да изгледаат фантастично.

Лушпите од кромид се секогаш сигурен избор, за оние поавантуристички тука се техниките со шлаг и сода бикарбона, а за оние што немаат многу време, а сакаат трпезата да им биде украсена со прекрасни јајца – најдобра техника е боење со фломастери и салфетка.

За оваа техника ќе ви бидат потребни:

  • бели јајца
  • фломастери
  • салфетки (убрус)
  • оцет

Кога ќе го видите конечниот резултат, веруваме дека ќе ги заборавите сите други техники.

Најпрво сварете ги белите јајца кои претходно сте ги измиле. Во водата додајте сол и оставете да зоврие, па варете ги уште 10 минути.

Потоа земете салфетка и нацртајте по неа со фломастери – како сакате и со какви бои сакате.

Ставете го јајцето во салфетката, завиткајте го и прицврстете го со ластик или конец.

Потоа јајцето завиткано во салфетка ставете го во мешавина од вода и 2 лажици оцет.

Кога ќе ја повторите постапката со сите јајца, оставете ги 2 до 3 часа за бојата убаво да се впие.

На крај, извадете ја салфетката и избришете ги јајцата со малку масло за да добијат убав сјај.