Таа денес има 57 години и се уште работи како модел. Бернарда Маровт неофицијално е прогласена за најубава Мис на Југославија.




Оваа прекрасна Словенка беше избрана за Мис на Југославија во 1982 година.




Меѓутоа, на натпреварот за најубава жена на светот во Лондон , таа беше дискредитирана поради разголените фотографии објавени во „Старт“, кои тогаш беа срамни.




Патем, тој годишен календар за 1982 година на магазинот „Старт“, кој го замени „Плејбој“ во социјализмот, се продаде во неверојатни 350.000 примероци поради сликите на Бернарда.




Покрај тоа, таа беше прогласена за Мис фотогенична. Таа беше прогласена за топ модел на Италија и топ модел на Европа, а на врвот на кариерата заработуваше околу 2.500 евра дневно.

Таа денес има 57 години и се уште работи како модел.

