Студеното време не ги одврати верниците и годинава да ги преполнат реките и езерата по повод празникот Водици.

Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 6 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Благојчо Ѓоргиев од Кочани ги остави штаките и заплива на Богојавление!

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА!