Во емисијата Во Центар насловена како: Во Македонија власта ги казнува само лојалните граѓани, Васко Ефтов вели:

Оваа емисија е за вас лојалните граѓани на оваа држава. Во оваа емисија Вам ви се обраќам. Само на македонецот не му е дозволено да биде патриот во својата држава. Секој може да биде, само на македонецот му е забрането. Вие бевте лојални граѓани, а оние кои се избрани да ја водат државата не ја почитуваат.

Во континуитет 30 години оваа држава ги казнува лојалните граѓани, а ги наградува оние кои не ги почитуваат законите. Нели е дојдено времето да си го поставиме прашањето – во каква држава сакаме да живееме?

Изминатите шест месеци мнозинството од вас носевте маски, држевте растојание, дремевте во карантин, ги почитувавте сите мерки што од вас ги бараше државата. Истата таа држава сега ве пушта низ вода. Вие не велевте дека тоа е лага, дека е тоа само обичен грип, вие не споделувавте видеа на некој си Перо од Јамајка кој делеше рецепти дека треба три лажици мед и една чашка лимон и дека тоа лечи од корона.

Сите такви кои не труеа дека ништо не постои, дека тоа е лага, тие ќе бидат сега наградени. Молчевте за Велигден, молчевте за Задушница, бидејќи верувавте во државата бидејќи моравме да ги почитуваме сите мерки во оваа пандемија. Три месеци експертите и вклучително сите во Владата не уверуваа дека во ноември ќе почне вториот бран, а вие како реакција на тие убедувања требаше да направите бункери како во времето на Енвер Хоџа да го дочекате тој бран на пандемијата.

Ова е страшно што ни се случува. Страшно е како психолошки не уништија. Сега ќе правиме пак шведски модел. Сега пу пу не важи. Сега велат животот мора да продолжи. Дали може да постои еден брак во кој мажот и жената не си веруваат еден на друг. Вие не и верувате на државата и таа не ви верува на вас. Шведскиот модел подразбира доверба на државата во граѓаните и на граѓаните во државата. Овде тоа го нема.

Ги гледате ли листите на умрените во Македонија? Таму има луѓе кои се млади, како е можно министре да умираат овде млади луѓе а тоа да го нема во другите делови на светот? Кај нас има зголемување на бројот на заразени и на умрени. Се поставува прашањето – ги лажираме бројот, луѓето не веруваат на македонското здравство и остануваат сами дома да се лечат? Како тоа тогаш ќе градиме шведски модел со луѓе кои не ви веруваат? Или докторите немаат врска или ги лажирате бројките поради х причини? Ако луѓето не ви веруваат нема да може да градите шведски модел. Како ќе градите шведски модел со Д-р Цаца? На 6 јуни беше опасно да се шета на задушница, но во јули месец не беше ризично да се делат ваучери и да се оди во Охрид. Кога делевте ваучери не ли очекувавте дека тие луѓе ќе одат во Охрид и дека таму ќе се журкаат, ќе уживаат и ќе ја донесат короната во своите градови? Со ваучерите се разви туризмот, но се разви и короната.

Во јули со ваучерите не беше опасно да се оди во Охрид и тогаш не беше проблем короната. Па добро дали си верувате во тоа? Никој овде веќе не е глуп, сите гледаме што се случува, не може да важат едни правила истите наредниот месец не важат.

Со вашите постапки ги стиумулирате оние кои веруваат во 5G мрежата, оние кои велат дека короната не постои. Оние кои ги почитуваа мерките ќе бидат казнети од вас, оние кои носеа маски, седеа дома итн итн. Но и тие ја изгубија довербата бидејќи 30 години ви се лојални а вие ги излажавте. Ние имаме сериозен проблем. Ние имаме луѓе кои не веруваат во коронавирусот, имаме луѓе кои веруваат дека ќе бидат чипирани, вие со тие луѓе треба да градите партнерство. Они врескаат дека нема коронавирус.

Тие веруваат во корона само кога има избори. На тие луѓе и по 1000 евра да им дадете нема да ви веруваат. Они се задоени со лажни вести. Тие не примаат информации кои не им одговораат. Тие ни го трујат општеството. Тие се против се и сешто. Со овие кои се пак лојални, што ве слушале ги пуштате низ вода. Со кој памет правите таква стратегија.

Начукавте во администрација партиски војници и истите преку партиски лекари извадија дека се хронично болни за да си седат дома. Тие луѓе извадија документи и си тераа кампањи. Наместо да ги санкционирате тие луѓе, бидејќи извадиле лажни потврди вие ги санкционирате оние кои се навистина хронично болни. Зошто? Бидејќи вие не сте во состојба да го санкционирате криминалот на администрацијата од ВМРО и СДСМ, вели Ефтов.