Ирецот Даги Хамилтон остана шокиран кога откри што има во дигиталниот часовник во станот што го изнајмил со својата девојка при посетата на Торонто.

По пристигнувањето во градот, парот цел ден го поминал во разгледување, а во станот стигнале дури вечерта. Станот во центарот на градот, кој го изнајмиле преку веб-страницата Airbnb, изгледал идеален за нивната посета на Канада, но по само 20 минути престој таму сфатиле дека не сакаат да бидат таму, пишува Вечерњи.хр.

Даги лежеше на каучот кога погледна во дигиталниот часовник и забележа нешто чудно на него. Часовникот бил поврзан со жица слична на полнач за мобилен телефон, што веднаш почнало да предизвикува сомнеж кај него

– Се чувствував чудно само размислувајќи на тоа и си реков да не бидам луд. Но, нешто не ми даде мир… Го извадив полначот и ја видов батеријата на задната страна. Откако подобро го погледнав предниот дел на часовникот, забележав дека внатре има камера – рекол овој Ирец, кој своето искуство го сподели и на Фејсбук.

Камерата била насочена кон дневната соба и спалната соба, па сопружниците веднаш повикале полиција, а сопственикот на станот го пријавиле на страницата на која се огласува. Airbnb веднаш ја откажа соработката со сопственикот на станот кој издаваше уште шест имоти, а на парот им беше понудено бесплатно сместување во еден од трите луксузни хотели во близина.

(Написот првично беше објавен во септември 2018 година)