Собра сила и храброст да ја раскаже својата тешка приказна.
За нејзините четири бремености, за двете најболни раѓања на мртвородени деца во петтиот месец, оваа мајка најде сила да ја раскаже својата приказна.




Јас сум мајка. Го родив мојот прв син во 29-та недела.
Поради грешка на лекарот, тој беше во болница пет месеци и поминавме низ сè со него, но, фала му на Бога, тој сега е 14-годишно момче. Додека тој беше 3 години, јас останав бремена повторно. Носев мало девојче. Морав строго да внимавам на бременоста.
Девојчето ми почина во утробата во 4,5 месец, мораа да ме породат. ЛЕкарите тврдеа дека е поради бактерија…




После тоа, по две години, повторно останав бремена и дознав дека носам момче. И тој ми почина во утробата во 5,5 месец.
Мислев дека повеќе нема да имам деца, но по неколку години, останав бремена. Тоа беше чувство на измешани емоции – среќа, тага, страв… Не можам да ви опишам.




Оваа четврта бременост беше повторно ризична, но јас успеав. Го родив син ми жив и здрав!
извор: Женски Магазин
