Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, јадеа бурек во позната пекарница во Суботица. Вучиќ нарача бурек со месо, а Орбан го побара со сирење.

Вучиќ најави дека ќе го однесе Орбан на бурек за време на вчерашната церемонија на доделување на наградата „Иштван Пастор“, која му беше доделена нему и на премиерот на Унгарија.

„Велат дека стратешките партнерства се дискутираат на големи маси, но Виктор Орбан и јас решивме да го направиме тоа со топол бурек, бидејќи пријателството меѓу Србија и Унгарија одамна стана посилно од сите протоколи“, напиша Вучиќ на Фејсбук.

Двајцата нарачале јогурт за пиење, и на крајот, Вучиќ рекол дека му се допаѓа бурекот.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!