Силно невреме ја погоди Баварија на југот на Германија.

Според соопштението на полициската управа Нидербаерн , многу улици и подруми на куќи се поплавени поради обилните дождови во регионот Штраубинг.

Некои улици во регионот се затворени за сообраќај поради паднати дрвја на патиштата.

Во Рацинг избувнал пожар на горниот кат од куќа која била погодена од гром. Сопственикот на куќата бил полесно повреден додека се обидувал да го изгасне пожарот.

Во градот Бад Баерсојен во регионот Гармиш-Партенкирхен , крововите на 150 куќи беа разнесени, а многу возила беа оштетени од невремето и град.

Во Камер во градот Траунштајн , кран паднал над куќа. Нема повредени, а кровот на зградата е тешко оштетен.

Во градот Кисинг во регионот Ајхах-Фридберг , кровот на домот за стари лица бил однесен од воздух. Евакуирани се околу 106 лица кои живееле во домот, јавува Радиосараево.