Необична трагедија погоди сиромашно семејство.
Хектор Гонзалес (30) од аргентинскиот град Мерлот во близина на Буенос Аирес, почина одејќи со својот син од автобуската станица, кога ненадејно невреме ја зафати областа.




Дрвен јарбол падна врз Хектор и неговиот син, додека тие трчаа со цел да се извлечат од дождот и ветерот, а од огромна среќа, малото момче преживеа.
Несреќата се случи минатиот петок во градот Либертад, кога двајцата сакаа да ги посетат роднините.




Локалните медиуми објавија видео од блиските безбедносни камери, покажувајќи момент на ужас. Ектор го носеше својот син на рамениците, и кога тие сакаа да се засолнат од дождот и невремето, врз нив падна дрво.
Најтрогателниот момент е секако сцената на момчето кое кога виде дека јарболот ќе ги покрие, се рашири на рамениците на неговиот татко, обидувајќи се да го заштити, пренесува Clarin.com.




Несреќниот човек починал на самото место, додека момчето се здобило со тешки повреди, но преживеало.
– Невремето ги пресече каблите од далекуводот и создаде искра. Хектор се обиде да ја избегне несреќата со нашиот син, но во тој момент падна врз нив. Тој веднаш почина – изјави Михаела, сопруга на мртвиот човек и мајка на децата.




Спасувачките екипи пристигнале на лице место и констатирале смрт на Хектор, додека момчето со тешки скршеници било пренесено во локалната болница Сан Хуан Баутиста во Либертад.
– Сега е добро, пуштен е од болницата и сега е во куќата на неговите баба и дедо во Либертад, каде се опоравува – објасниле роднините на момчето.




Хектор Гонзалес работел како градинар во предградијата на Буенос Аирес и со тоа заработил пари за себе, сопругата и синот, пишува „
