




Меси постигна гол за Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар против Франција, а неговата сопруга Антонела Рокуцо славеше на трибините.




Семејството на Меси има посебна ложа на трибините од која ја бодрат ѕвездата на аргентинската репрезентација, а прославата беше на врвот откако Меси реализираше пенал.




Антонела ги следеше сите натпревари на Аргентина на Мундијалот во друштво на свекорот Хорхе Хорасио Меси и свекрвата Селија Марија Кучитини. Заедно со нив на трибините се и синовите на Меси, Тиаго, Матео и Чире. Сите тие се облечени во дресот на аргентинската репрезентација со бројот 10, кој го носи Меси.




Сопругата на Меси е страствен навивач на аргентинската репрезентација, а на натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска во полуфиналето на Светското првенство, исто така гласно навиваше, а цело време имаше широка насмевка на лицето.
