Наместо да биде најсреќниот ден во нејзиниот живот, тој се претвори во агонија
Беше пресреќна кога нејзиното момче ја запроси по осум години врска. Но, како што објаснила неименуваната жена во објава на Редит, подготовките за свадбата и самата венчавка се претвориле во хорор и го оставила сопругот само 12 часа по венчавката!
– Ние двајца потекнуваме од различни семејства, прво бевме во врска на далечина, пред да се преселам во друга земја и да почнам да живеам со него. Тој е многу близок со семејството, а тоа често предизвикуваше проблеми во нашата врска. Но, поставивме некои граници и ситуацијата се подобри. Сепак, по свршувачката се тргна наопаку – вели таа и продолжува:
– Сакав мала, интимна свадба на убава дестинација, но неговото семејство веднаш го одби тој предлог и сакаа голема свадба во близина на неговиот роден град. Се согласив, иако неволно, но тоа не беше крајот. На денот на свадбата имаше жестока расправија со неговото семејство, предизвикана од нивните промени во последен момент – ми ги заменија цветните аранжмани што ги барав со месеци, ги исфрлија моите рачно изработени украси, дури и ја сменија бојата на чаршафот. Со сето тоа, секако дека не добив ниту еден збор за поддршка од мојот иден сопруг.
Таа не можеше да го поднесе однесувањето на неговото семејство
– Првата брачна ноќ заврши така што бев во тотален ступор, никој не ми обрнуваше внимание, а ми беше доста од се. Требаше да побегнам од се, а следните неколку дена бев кај мојот пријател . Откако заминав по венчавката, со месеци не зборував со неговото семејство и двајцата почнавме да одиме кај семеен терапевт.
И сега неговото семејство сака да се сретнеме и да разговараме за моето однесување. Иако сите ми велат дека треба да им се извинам, јас едноставно не можам да го сторам тоа. Не сакам да ја преземам целата вина на себе и да се преправам дека нивното однесување не ме повредило. Не знам како да го решам овој проблем – заклучила таа, пренесува Мирор.
